Thursday, December 27, 2007

AntelCorp DVD

Antel Corp DVD
Atmel Corp. најави дека произвел нов чип за контролирање на ласерски диоди кој ќе се употребува во комбинирани Blu-ray/HD DVD, DVD, CD плеери и оптички уреди за комјутер. Иако со овој чип еден уред може да чита повеќе стандарди сепак треба различна диода за различен тип на диск.До сега исплатливите Blu-ray/HD DVD/DVD/CD системи имаа потрева да користат 4 уреди 3 осцилаторски чипови и еден „трансимпедансен“ појачувач додека Атмеловиот нов ATR0885 го прави да биде возможно да се направи многу исплатлив систем со плав ласер со само еден чип. Додека уште неколку други поизведувачи имаат најавено комбинирани Blu-ray/HD DVD плеери, не е јасно како тие се дизајнирани.Атмеловиот ATR0885 чип се состои од 3 излези и секој може да биде користен за сини ласерски диоди со бранова должина од 405 nm (Blu-ray/HD DVD), DVD ласерски диоди со бранова должина од 780 nm или CD ласерска диода со бранова должина од 650nm. Сините ласерски диоди кои се користат за Blu-ray/HD DVD системите имаат потреба од извор на напон способен да донесе повисок напон од 5v кој е обично употребуван кај CD и DVD диодите. За да го задоволи ова барање, секој од трите излези на ATR0885 има посебен снабдувач на напон способен да обезбеди напон до 8V.Произведувачот тврди дека производите од конкуренцијата имаат само претходно одредени излези за сина ласерска диода, додека нивниот ATR0885 му овозможува на системскиот дизајнер слободно да одлучи кој од трите излези ќе го искористи за сината ласерска диода. Ова значи дека дизајнерот може да го избере излезот што е најдобро лоциран во специфичниот дизајн за водовите да се колку што е можно пократки, што овозможува да се направат дизајни кои се помали и поисплатливи додека истовремено овозможуваат и високи перформанси.Произведувачот стациониран во San Jose, California објасни дека за автоматската контрола на моќноста, интегриран е „трансимпедансен“ засилувач кој има поддршка на сите три излези. Зголемувањето на секој канал може да се подеси посебно со користење на три посебни отпорници. Интегриран осцилатор го намалува скокањето на ласерот. Со користење на еден надворешен отпорник, може да се одбере фрекфенција од 200 до 500 MHz за сите излези. Три дополнителни отпорници можат да овозможат струја до 100 mA (peak-to-peak) за секој излез посебно. Осцилаторот истотака може да биде наместен да работи во „spread-spectrum“ мод за да ги намали електро-магнетните пречки.Примероци од ATR0885 се достапни во продажба во мали QFN24 пакувања. Цената почнува од $2.6 на 10 000 парчиња.Blu-ray и HD DVD форматите се натпреваруваат меѓусебно кој ќе го замени DVD стандардот. HD DVD дисковите можат да складираат податоци до 15GB на еден слој и до 30GB на два слоја. Неговиот соперник, Blu-ray, може да складира до 27GB на еден слој и до 50GB на два слоја, но Blu-ray дисковите се поскапи за производство. Поддржувачи на HD DVD се Toshiba и NEC, како и DVD форумот, кој претставува преку 230 компании низ светот. Blu-Ray пак е подржуван од Sony и Panasonic, кои се меѓу најголемите светски произведувачи на електроника и ел. производи. Меѓу холивудските студија HD DVD е поддржуван од Warner Bros. Studios, New Line Cinema, Paramount Pictures и Universal Pictures, додека Sony Pictures, Walt Disney, Warner Bros. и Twentieth Century Fox го поджуваат Blu-ray.

No comments: